Ублажува настинки, придонесува за подобро здравје на срцето, бубрезите, очите и забите, а помага и во лекување на рак. Народните верувања велат дека оваа билка ја чува куќата од зло и се грижи за благосостојбата на истата.
1.Намалува температура и ублажува симптоми на настинка
Бидејќи босилекот има антибактериски својства, листовите се многу ефикасни во лекувањето на разни воспаленија, температура и треска.
Сварете лист од босилек како чај и полека пијте го. Симптомите ќе се намалат, како што се пецкање и гребење во грлото и кашлица.
2.Помага во борба против настинка, астма и бронхитис
Мешавина од лист на бронхитис со ѓумбир и мед е одличен лек за лекување на разни респираторни болести, како настинка, грип, астма и бронхитис. Мешавината ги отвора дишните патишта кои се блокирани од вишок слуз, а на болните им го олеснува дишењето.
3.Лекува воспалено грло
Ако имате воспаление на грлото, добро е да правите гаргара со мала вода во која претходно сте потопиле босилек. Делува противвоспалително и го олеснува симптомите од воспалението.
4.Придонесува за подобро здравје на срцето
јадењето босилек го намалува нивото на холестерол во телото и општо се смета за еден од најдобрите зачини за срцето. Го намалува ризикот од срцев удар и кардиоваскуларни слабости.
5.Противстресно дејство
Босилекот општо е добар за здравјето, а билкарите го препорачуваат да се џвака барем по 12 листови дневно. Босилекот има директно влијание и врз стресот, т.е. витамините и антиоксидантите кои ги ослободува позитивно влијаат врз намалување на стресот.
6.Се подобрува работата на бубрезите
Босилекот ги јакне бубрезите и одличен е во борбата против бубрежни каменчиња. Билкарите предлагаат јадење на мешавина од босилек и мед барем шест месеци, за да се ублажат болките и да се исфлат камчињата од телото.
7.Лекува усни инфекции
Инфекциите и чиревите кои може да се појават во устата е добро во прв момент да се лекуваат со џвакање на листови од босилек. Се намалува болката и инфекцијата, но и се подобрува мирисот на здивот.
8.Се ублажуваат отоците после убод од инсекти
намачкајте чајна лажица со паста од босилек врз отокот. За кратко време ќе спласне и ќе се намали болката и иритацијата.
9.Одржување на здравјето на забите
За оние кои патат од проблеми со крвавење на непцата, босилекот се покажал како добар сојузник во одржувањето на здравјето на забите. Антибактериските и антибиотските својства на босилекот можат да помогнат во спречување на такви орални болести.
10.Одржување на здравјето на очите
Бидејќи обилува со витамин А, босилекот има позитивно дејство врз здравјето на очите. Ја зголемува отпорноста на очите на разни болести, а само неколку капки од растворот со босилек може да ги освежи уморните очи.