Речиси секогаш она што е генијално, всушност е многу едноставно. Состојките кои ги „сакаат“ алиштата се многу евтини и достапни, па може секој да ги користи. Овие совети ќе помогнат да се врати претходниот сјај на вашата облека и ќе изгледа како тукушто купена – како со некоја мaгија.




ЦРН ПИПЕР

Додајте една лажичка мелен црн пипер во машината заедно со детергентот за перење, меѓутоа, црниот пипер ставете го директно во машината заедно со алиштата, а не во преградата за детергент. Вклучете го ладното перење. Црниот пипер делува како крпа за брусење и ги отстранува остатоците од сапун од облеката.




СОЛ

Доколку истурете неколку лажички сол во машината за перење, ќе го имате истиот ефект. Ова ќе спречи сапунот да се залепи на влакната на облеката, па ќе може да блесне во полн сјај.




ОЦЕТ

Оцетот е идеално средство за отстранување на штетните остатоци од сапун. Во исто време, делува како природен омекнувач. Следниот пат кога ќе ги перете алиштата, додајте шолја оцет и не грижете се, мирисот ќе исчезне кога облеката ќе се исуши.




ЛИМОН

Алтернативно, можете да додадете сок од лимон. Овој моќен сок ќе ја вpати во живoт дури и облеката што најмногу избледела. Сите овие состојки се евтини и достапни, користете ги и вашата облека ќе ви се заблагодари. А доколку перете бели алишта, еве што треба да направите:




„Овој метод го прочитав некаде на интернет и сакав да го испробам и да проверам дали навистина функционира. Не ме чини скапо, а и онака на завесите им дојде редот за перење. Посивени се од прашина и извалкани на оној дел кој допира до корнизата. Овој дел секојпат мора рачно да го истријам за да бидат убаво испрани“, вели Јелена




„Перењето никогаш не било полесно со овој метод. Едноставно завесите ставете ги во машината за перење, па внатре во бубањот стабете едно апче аспирин, а во една од преградите ставете една кесичка прашок за печиво“, објаснува Јелена и додава:




„Потоа секој сами одредете го програмот според кој ги перите вашите завеси. Јас на пример, на мојата машина го одбирам програмот за рачно перење, одбирам 30 степени температура за перење и центрифуга со 400 вртежи“, вели Јелена.




Вклучете ја машината и оставете да си го одработи своето. Кога ќе заврши програмот, ќе бидете изненадени, исто како што бев и јас. Завесите излегуваат беспрекорно снежно бели, биз ниедна дамка на нив.