Home закуска Секогаш баран ручек…ГУЛАШ…вкусно јадење за секој период од годината…

Секогаш баран ручек…ГУЛАШ…вкусно јадење за секој период од годината…

Секогаш баран ручек…ГУЛАШ…вкусно јадење за секој период од годината…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 кг јунешки бут
1 кг кромид
2 моркови
150 мл доматен сос
2 чешниња лук
2 лажички црвен пипер во прав
сол, црн пипер, зачин, ловоров лист
200 мл вода

ПОСТАПКА:

1.Издинстајте го ситно сечканиот кромид на малку масло, 10 минути, посолете, додајте го ситно сечканиот морков и продолжете со готвењеуште 5 минути. Додајте го месото исечкано на коцки. Промешајте и зачинете, па намалете ја температурата.

2.Кога месото ќе го испушти сокот, поклопете и динстајте на умерена температура со повремено промешување. Додајте рендан лук и ловоров лист.

3.Повремено промешувајте и проверувајте дали имате течност на дното. После приближно 2 часа додајте црвен пипер и доматен сос. Промешајте и почекајте да зоврие, па додајте една чаша вода.

4.Динстајте уште приближно половина час и зачинете по вкус. Гответе до посакуваната густина (колку подолго, толку подобро). Месото треба да се распаѓа. Постапката погледнете ја ОВДЕ.