Одличен напиток за превенција од настинки!
Потребни состојки:
1 чаша топла (не врела) вода, или по избор-бадемово или оризово млеко
¼ чајна лажичка куркума
Сок од половина лимон
Прстофат цимет (произволно)
½ лажичка мед или агаве сируп
1 лажичка кокосово масло
Постапка:
Во топлата вода додадете ја куркумата, лимоновиот сок и медот, лажичка кокосово течно масло, па добро промешајте.
Куркумата ќе спадне на дното од чашата, па затоа е потребно да промешате во мигот пред да го испиете напитокот.
Многу е важно напитокот да го испиете топол.
Важноста на сите состојки од напитокот е многу голема за целокупното општо и долготрајно здравје на целиот организам.