Home Народна медицина Секое утро пијте БРОНХИ напиток за да ги одбегнете есенските вируси

Секое утро пијте БРОНХИ напиток за да ги одбегнете есенските вируси

Случајно го слушнав рецептов од маалската продавница од нашата продавачка која тогаш ми рече дека секое утро си го прави напитоков за себе и за своето дете. Го пробав и јас, навистина е делотворен, ги отвора дишните патишта, вкусен е и убаво делува на целиот организам. Па кој сака, нека повели.

Количините што се однесуваат за две чаши, односно за две особи.

Потребни состојки:

500 мл млеко

5-6 бронхи бонбони

Постапка:

Половина литар млеко сварете и додадете 5-6 бронхи бонбони. Нека провријат бонбоните и нека се растопат, па млекото ќе добие кафеава боја.

Се пие топло, бидејќи ги прочистува дишните патишта, го освежува здивот, ја ублажува кашлицата, делува смирувачки врз бронхиите и грлото.

Пробајте! Можеби веќе сте слушнале за овој напиток, а ако не сте слушнале, топло ви го препорачувам за овие есенски денови и зимата која ни претстои.