За овој кремаст колач треба да вложите многу малку труд. Mек е, сочен и многу популарен кај многу луѓе. Пригответе ги овие превкусни млечни коцки и нема да се покаете – Сандра Гашпариќ. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА БИСКВИТ: 6 јајца, 6 лажици брашно, 6 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, 1 прашок за печиво, 4 лажици какао, 6 лажици врела вода, и уште: една голема шолја млеко за прелевање на печениот бисквит.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КРЕМ: 1 литар млеко, 7 лажици густин, 4 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, 150 г маргарин/путер, 100 г шеќер во прав. За чоколаден прелив: 100 г млечно чоколадо, 100 г чоколадо за готвење, 5 лажици млеко, 4 лажици шеќер во прав, 150 г маргарин/путер.
Постапка за приготвување на бисквитот: одвојте ги белките и жолчките посебно, па белките изматете ги во цврст снег, а жолчките измиксајте ги заедно со шеќерот додека тој да се растопи, а смесата да побели и згусне.
Постепено додавајте ги сите наведени состојки, а на крај со лажица додајте го цврсто изматениот снег од белки и промешајте додека да се изедначи смесата. Излејте ја во претходно подготвен калап (големиот плех од рерна) обложен со хартија или намастен и наросен со брашно.
Ставете да се пече во добро загреана рерна на 180 степени околу 25 минути. Печениот бисквит извадете го од плехот, отстранете ја хартијата, оставете да се олади па поресечете го надолжно да добиете две еднакви кори.
За крем: од предвидената количина млеко одвојте околу 150 мл и тоа помешајте го со густинот и шеќерот. Остатокот од млекото ставете да зоврие, па постепено додајте го разматениот густин со шеќерот и млекото. Варете на тивок оган додека да згусне, околу 5 минути.
Оставете го кремот на страна целосно да се олади. Путерот омекнат на собна температура изматете го пенасто со шеќер во прав, а потоа во него додајте го изладениот крем, лажица по лажица додека непрекинато матите со миксерот.
За чоколаден прелив: искршете го чоколадото на коцки и помешајте го со шеќер, путер и млеко, па мешајќи ги сите состојки заедно растопете ги на тивок оган додека да се соединат во мазна и сјајна глазура. Потоа оставете на страна да се подизлади и да згусне, да не биде многу течна (како омекнат путер).
ПОСТАПКА: Првиот дел од кората натопете го со млеко, премачкајте го со половина од белиот крем, па распоредете половина од чоколадниот крем. Прекријте со втората кора и повторете ја постапката. По желба колачот можете да го украсите со шлаг или бела глазура. Добро разладете и послужете / Сандра Гашпариќ / Reсiресi.сo