700 жени мислеле дека се бремени поради напитокот кој им го дала бајачка, а потоа дознале зошто им се подуени стомаците
-Мислеле дека се бремени, а тогаш ја дознале правата вистина!
На чувствителните жени им зборувала да не одат на лекар и покрај тоа што “бременостите” им траеле и до 16 седмици.
Бајачката од Гвинеја успеала да измами стотици жени дека се останати бремени, пред да биде уапсена.
Фанта Камара измамила повеќе од 700 жени кои имале проблем да забременат, давајќи им билковен лек кој предизвикувал стомакот да им се подуе. Лекот наводно се состоел од листови, зачински билки и други состојки.
Очајните пациентки плаќале околу 30 евра за нејзините услуги – што е прилична сума за една земја во која просечна плата изнесува 40 евра.
На нејзината измама наседнале преку 700 жени на возраст помеѓу 17 и 45 години, но Камара тврди дека само сакала да им помогне.
-Мина речиси една година откако бевме кај оваа жена. Во текот на првата посета, ми даде некој лек од кој повраќав, но ме уверуваше дека тоа е за мое добро.
Како што продолжував да ги зимам лековите, стомакот започна постепено да ми расте. После некое време, повторно ја посетивме и тогаш прогласи дека сум бремена – тврди една од измамените жени.
Многумина од нив ќе имаат компликации кои ќе траат до крајот на нивниот живот поради користењето на овој лек.
Традиционалните бајачи во Африка не се признати од страна на власта и главно оперираат вон здравствените структури и институции.
И покрај тоа, речиси 80% од населението користи некој вид на традиционална медицина