Се топи во уста! Многу вкусни ќофтиња во кои е обвиткано пире и залиени со сос…Сите што го испробавме овој рецепт се воодушевивме…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За пире помешајте:
5 варени компири, испасирани
50 г рендан кашкавал (чедар)
3 лажици млеко 30 мл
1 лажичка сол
зачини по вкус

За ќофтиња измешајте:
500 г мелено месо
2 јајца
150 г рендана/ситно сечкана зелка
3 лажици растително масло 30 мл
2 чешниња лук, рендани
1 главица кромид, ситно сечкан
1 лажичка сол
3 лажици пченично брашно 60 г
црн пипер, ким, црвен пипер, мајчина душица
магдонос

За сосот:
2 лажици доматно пире 60 г
1,5 шолји врела вода 300 мл

За одозгора:
100 г реднан кашкавал (чедар)

ПОСТАПКА:

Сите потребни состојки за ќофтињата добро измесете ги за да добиете компактна смеса. Со намастени дланки обликувајте топки и редете ги во намастен огноотпорен сад. Со прстите направете вдлабнување во средината, како чамци.

Ставете да се печат 30-35 минути во загреана рерна на 200 степени.

Од компир пирето со намастени дланки правете долгнавести топки и редете ги во празнините од месото.

Одозгора залијте го доматниот сос и посипете рендан кашкавал. Вратете да се допечат уште 30 минути во загреаната рерна на 200-220 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ: