Рецепт на Кети од Италија. „Во Италија имаме обичај да правиме ваков вид на солен ролат како ладно предјадење. Јас ќе ви понудам една идеја, но можете и самите да правите безброј комбиниции користејќи најразлични намирници, или едноставно, да го искористите она што го имате во фрижидер.




Може да ставите шунка, пршута, сланина, врат, мисиркино или какво било месо. Овој солен ролат одлично си одговара со некој аперитив, но можете да го приготвувате и за појадок, вечера или закуска во текот на денот. Од зеленило користете марула, зелка, кељ, магдонос, босилек… Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 парчиња мек леб за сендвичи (без кора), мајонез или некој млечен намаз, 3 тенки парчиња капкавал, неколку парчиња шунка/салама/пршута, лист од марула, магдонос…




ПОСТАПКА: Врз голема даска за сечење поставете ги четирите парчиња леб во должина, секое да се надоврзува на претходното пред него. Потоа со помош на оклагија поминете преку нив, а особено преку спојките.




На овој начин треба да добиете една долгнавеста кора леб. Потоа преку целата површина премачкајте во тенок слој со мајонез или некој млечен намаз по ваш избор. Може да е дури и путер, кисела павлака или каков било намаз по ваш избор.




Потоа одозгора наредете ги тенките листови кашкавал и сувомеснато по ваш избор. Потоа наредете парчиња свежа марула. Може да ставате и тенки ленти краставица, сечкана зелка, листови од босилек, магдонос…




Внимателно започнете да го виткате ролатчето од леб. Особено внимавајте на спојките каде што се преклопуваат парчињата леб. Виткајте полека внимавајќи да остане ролатот компактен до самиот крај.




Потоа завиткајте го во проѕирна фолија и добро стегнете го. Вака спакуван (како бонбона) оставете го два часа во фрижидер да се олади и стегне. За тоа време ќе стане компактен, а потоа ќе се сече на убави парчиња.




По изминатото време извадете го од фрижидер, отстранете ја фолијата, а одозгора премачкјате го со тенок слој мајонез или некој друг намаз/павлака, па со помош на виљушка направете линии, да добие изглед на гранка.




Одозгора наросете ситно сечкан свеж магдонос, и вашето совршено вкусно уметничко дело е готово и спремно за послужување. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.