Ова е буквално мевлем за целиот организам, а се приготвува од природни состојки: лук, ѓумбир и лимон. Овој домашен лек ли лекува затнатите артерии, спречува создавање на нови наслаги и камења во органите и брзо го зајакнува имунитетот.
Ви претставуваме одличен природен рецепт за лекување и превенција на затнати артерии. Исто така, добар е за регулирање на зголемени масти во крвта, спречување на општ умор, спречување и лекување на инфекции и настинки, интензивно јакнење на имунолошкиот систем, чистење на црниот дроб и подобрување на црнодробните ензими.
Овој мевлем спречува појава на слободни радикали во организмот кои предизвикуваат најтешки болесто и низа други состојби поврзани со болестите на срцето и крвотокот.
Потребни состојки:
4 цели главици лук органски
4 лимони со кора
мало парче свеж ѓумбир
2 литри чиста вода
Постапка:
Лимонот добро измијте го и истријте ја кората со сода бикарбона, па откако убаво ќе ги исплакнете, исечете го заедно со кората на помали парчиња. Доколку лимонот е купечки, оставете го половина час во раствор од вода и оцет, па потоа уште еднаш измијте го.
Лукот излупете го и заедно со лимонот и ѓумбирот ставете го во блендер. Измиксајте добро додека да добиете изедначена смеса. Оваа смеса излејте ја во тенџере со 2 литри вода и загревајте со постојано мешање додека да зоврие. Малку време пред зовривањето исклучете ја ринглата и оставете ја смесата да се излади поклопено. Потоа процедете низ средно густа цедалка и складирајте во стаклени шишиња.
Од овој лековит напиток се пие секој ден по една чаша од 200 мл најмалку 2 часа пред јадење, односно на потполно празен желудник. Напитокот се чува во фрижидер.
Периодот на консумирање трае 3 недели, по што треба да се направи пауза од една недела, а после да се повтори постапката по ист циклус. По желба можете да додадете и малку мед.