Копривата, како и чајот од коприва, веќе со години е дел од традиционалната медицина. Младите листови од копривата може да се јадат, а целата билка е лековита. Во овој период најдобро е да се приготвува чај и да се пие еднаш дневно.

Копривата изобилува со витамините А, Ц, К и дела од витамините Б комплекс, а од минерали во составот на копривата влегуваат: калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум и натриум.

Покрај тоа, ги содржи сите есенцијални аминокиселини, корисни масни киселини, полифеноли, пигменти (бета-каротен, лутеин и други). Благодети за телото има многу, а ова се само некои од нив:

Традиционално копривата се употребува кај болести на уринарните патишта, за чистење на кр-вта, кај анемија, дигестивни пречки, потешкотии со дишењето и астма, кај ревматски заболувања, за намалување на високиот кр-вен притисок, кај камен во бубрег, против несоница, за гинеколошки проблеми и за здравје на црниот дроб.

Постојат докази дека копривата успешно го намалува шеќерот во кр-вта, бидејќи содржи состојки кои го имитираат ефектот на инсулинот, а некои истражувања сугерираат дека може да помогне кај проблеми со зголемена простата.

Го заштитува црниот дроб од токсини, тешки метали и воспаленија. Претставува природен диуретик, па му помага на телото да ја исфрли непотребната вода и сол кои се задржале во ткивата и меѓуткивните простори, а со тоа привремено го намалува и крвниот притисок.

Облоги од коприва се ставаат на зглобови и болни места со што особено се намалуваат болките кај артритис, така што го спречуваат производството на хормоните кои го поттикнуваат воспалението. Напомена: На трудниците не им се препорачува чај од коприва.

Копривата е билка која цел живот ја одбегнуваме, што не е чудно бидејќи не е нималку пријатно кога ќе не ижурка. Но, од друга страна, оваа билка не е за одбегнување, бидејќи поседува лековити својства кои ни се многу неопходни.

Сите делови од копривата – коренот, стеблото и листот имаат лековити својства и нашите предци биле свесни за ова. Дури и прочуениот сликар Албрехт Дирер на една од своите слики насликал ангел со коприва во раце.

Младите листови од коприва по вкус наликуваат на спанаќот. Но, содржат петпати повеќе калциум и шестпати повеќе витамин Ц од спанаќот. Семето има арома на јаткаст плод, а вкусот станува поинтензивен кога ќе се испржи. Цветовите исто така се јадат и многу се ароматични.

Копривата многу поинтензивно и поефикасно ја чисти кр-вта за разлика од другите билки, истовремено го подобрува и нејзиниот квалитет поради високата концентрација на железо кое го содржи. Покрај тоа, копривата ја поттикнува работата на цревата и со тоа и ослободувањето од о-тро-ви, бидејќи организмот се ослободува од токсините најмногу преку дебелото црево.

Бидејќи има својства со кои истовремено ја чисти кр-вта и ја поттикнува работата на цревата, копривата претставува единствена билка за чистење на организмот, а списокот на другите лековити својства е огромен.

Листот од коприва содржи голема количина хлорофил кој има речиси слична структура како и хемоглобинот во нашата к-рв, што значи дека покрај чистењето на кр-вта, оваа билка може многу да ја збогати. Покрај хлорофилот листот од копривата е богат со минералите: железо, фосфор, силициум, калциум, магнезиум…

РЕЦЕПТИ:

Лажичка сув лист од коприва прелијте со 250 мл врела вода, оставете да отстои 10 минути, процедете и пијте трипати дневно. Овој чај е одличен за детоксикација на организмот, а притоа ќе се ослободите и од проблеми со егземи, главоболка, уринарни патишта, желудник, анемија… Можете да го пиете и кога ве мачат вирусни и бактериски инфекции.

Две раце добро измиени корења од коприва, свеж лист и стебло, прелијте со 5 литри вода и оставете преку ноќ. Следниот ден мешавината загрејте ја до вриење, прелијте во леѓен и потопете ги нозете. Би било добро стапалата да ги оставите во колку можете потопла бања барем 20 минути, но сепак внимавајте да не се изгорите (топлина која можете да ја издржите).

Две полни раце корива прелијте со половина литар врела вода, оставете да отстои 5 минути, процедете и додајте шолјичка јаболкова или винска киселина. Со оваа тинктура масирајте ја кожата од главата половина час пред миење на косата.

Природен лек од коприва, мед и куркума за имунитет, лекување анемија и прочистување на крвта -Совет од д-р Олег Мазур, основач на Центарот за природна медицина во Санкт Петерсбург.

Д-р Олег Мазур советува со помош на мешавина од мед, куркума и коприва да го зајакнете имунитетот. Копривата е непроценлива во третирањето на различни здравствени состојби. Таа делува противвоспалително и антиалергиски, ги отвора затнатите бронхии и носните шуплини, олеснувајќи ги симптомите на алергија и поленска грозница.

Листовите се богати со хлорофил, витамини и минерали, особено со железо. Куркумата содржи полифенол куркумин, активна материја добро позната по своите антиоксидативни и антиканцерогени својства. Куркумата го намалува нивото на холестеролот. Медот го јакне имунитетот.

Оваа смеса може слободно да им се дава и на деца постари од три години. Домашниот лек на база на мед, коприва и куркума, покрај тоа што го јакне имунитетот, ги елиминира и алергиските симптоми, ги ублажува болките предизвикани од артритис, го елиминира спутумот од бронхиите.

ЕЛИКСИР ОД КОПРИВА, МЕД И КУРКУМА ЗА АНЕМИЈА

Еликсирот приготвен од коприва, мед и куркума ќе му овозможи на вашиот организам да прими доволно минерали и витамини кои се особено корисни за лицата со анемија. Не само што ќе ја подобри кр-вната слика, туку и воопшто ќе го зајакне целиот имунолошкиот систем.

Потребни состојки: 3 шолји свежо исцеден сок од коприва, 3 лажици куркума во прав, 3 шолји сиров органски мед

Постапка: копривата берете ја со ракавици од чисто еколошко место. Се берат младите врвови со 3-4 листови. Измијте ја добро набраната коприва, па оставете ја на крпа да се исуши. Потоа исцедете ја во соковник. Независно од количината на копривата што сте ја набрале, се користат следниве пропорции:

На една шолја сок од коприва се додаваат 3 шолји мед (1:3), а на оваа смеса се додаваат и 3 лажици куркума во прав. Добиената смеса се чува добро затворена во стаклен сад, во фрижидер или ладно, темно и суво место. Употреба: 1 супена лажица разматено во чаша топла вода. Се пие двапати дневно пред оброк.