Овие вкусни печива мора да ги пробате. Тестото се замесува едноставно и слично како она за еклери и принцес крофни. Брашното кратко се вари во мешавина од вода и путер, а потоа се додаваат јајцата едно по едно. Она што е поразлично во овој рецепт, е додавањето на рендан кашкавал и сечкан магдонос, кои на печивата им даваат неверојатен и неодолив вкус.




Исто така, важно е да запатите дека при печењето не треба да се отвора вратничката на рерната. Овие печива се многу вкусни да ги јадете така, но бидејќи излегуваат шупливи во средишниот дел, можете да ги филувате со разни салати, како руска, француска и слично, по ваш избор. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150 мл вода (нешто помалку од една чаша), 70 г путер, 1 прстофат сол, 1 прстофат црн пипер, 3 јајца, 110 г сенаменско брашно (околу една чаша), 25 г рендан пармезан (2 супени лажици), 50 г рендан кашкавал/моцарела (помалку од 1 чаша), 1 грст ситно сечкан свеж магдонос




ПОСТАПКА: Во едно тенџере на умерено-тивок оган ставете 70 г путер исечкан на помали коцки. Растопете го со мешање. Кога целосно ќе се растопи и загрее, додајте ја водата (150 мл) и зачинете со малку сол и црн пипер во прав.




Промешајте добро за да се изедначат состојките и штом повторно се загрее течноста и зоврие, додајте го брашното и енергично промешајте со лажицата. Мешајте непрекинато сè додека брашното целосно да се впие и да се добие тесто кое се двои од ѕидот на садот.




Тестото префрлете го во некој друг соодвете сад и распоредете го тестото во тенок слој на дното за да може побрзо да се олади. Еднаш-двапати промешајте го и тестото ќе се олади за само три минути.




Потоа започнете во него да ги додавате трите јајца, едно по друго. Прв о додајте го едното јајце па матете со миксерот додека целосно да се соедини во тестото. Потоа додајте го второто и продолжете со матење, па кога и тоа ќе се инкорпорира, додајте го и третото.




Матете додека да добиете фина, мазна и хомогена смеса. Тестото може да се меси и рачно, но многу побрзо и полесно е со миксер. Кога ќе го добиете тестото изматено со јајца, во него додајте ситно сечкан магдонос и рендан кашкавал.




Промешајте за да се изедначат состојките, а потоа црпете од смесата со модла за сладолед и редете топки врз плех обложен со хартија. Погачите можете да ги правите помали или поголеми, но редете ги на растојание, бидејќи ќе пораснат уште малку во текот на печењето.




Врз секоја топка наросете малку рендан пармезан, па ставете да се печат во претходно загреана рерна на 190 степени околу 25 минути. Првите 15-20 минути не ја отворајте вратничката од рерната. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.