Потребни состојки:

1 главица свежа зелка

500 г мелено телешко

200 г суво месо

1 мала шолја ориз

½ шолја оцет

2 главици кромид

50 мл масло

Сол, црн пипер

Запршка:

1 лажица брашно

1 лажица путер

1 лажица доматно пире

1 лажица алева пиперка

Постапка:

1.Сувото месо исечете го на крупни парчиња и кратко сварете го. Потоа додадете го го филот.

2.На зелката внимателно издлабете го коренот и ставете ја да се вари во вода со оцет.

3.Гответе 10 минути и оставете да излади.

4.Вадете лист по лист и филувајте како за обична сарма.

5.Фил: запржете кромид на малку масло, додадете го меленото месо, оризот и зачините.

6.Гответе ја сармата на тивок оган, неколку часа додека да омекне листот а на крај додадете ја запршката.