Ако имате тиква, не пропуштајте го овој рецепт. Ќе ви откриеме едноставен начин за приготвување на вкусно јадење за кое се потребни лесно достапни состојки кои веројатно ги имате в кујна!

Дефинитивно ќе бидете пријатно изненадени ако го пробате! Ќе ви се допадне колку лесно се подготвува ова јадење! Зеленчуковата пита е многу вкусна и здрава. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 помала тиква со крушовиден облик
1 главица кромид
1 морков
2 црвени пиперки
маслиново масло
1 лажица путер, зеленчукова мешавина (вегета), црн пипер
3 млади кромитчиња
3 јајца
1 чаша млеко
сол, црн пипер
1 компир
200 г рендан кашкавал за одозгора

За 2 ќофтиња:
1 јајце
200 г мелено месо
1/2 главица кромид
2 мали коцки кашкавал за во секое ќофте
зачини по вкус

ПОСТАПКА:

Тиквата исечете ја, излупете ја и изрендајте ја. Кромидот ситно исечкјате го, морковот изрендајте го, пиперките исечкјате ги на коцки.

На малку масло пропржете го кромидот, па додајте го ренданиот морков и динстајте уште малку додека да омекне. Потоа додајте ги сечканите пиперки, а кога и тие ќе омекнат додајте малку путер и зачинете. Промешајте и тргнете настрана да се подизлади.

Во подлабок сад скршете 3 јајца и изматете ги со виљушка. Зачинете со сол и црн пипер, па додајте 200 г брашно. Мешајте додека да се разбијат грутчињата и да се изедначи.

Додајте ја ренданата тиква, издинстаниот зеленчук и ситно сечканиот млад кромид. Во мешавината додајте и еден рендан компир. Промешајте и изедначете.

Плехот обложете го со хартија и малку наросете масло. Распоредете ја смесата рамномерно и ставете да се пече 30 минути во загреана рерна на 200 степени. Одозгора посипете рендан кашкавал и вратете да се допече уште 5 минути.

За тоа време изматете едно јајце, зачинете го и помешајте го со ситно сечкан кромид и мелено месо. Добро измесете го, направете две топчиња и во средината ставете парче кашкавал. Испечете ги на тостер или на грил тава.

Послужете ќофте со неколку парчиња вкусна зеленчукова пита. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.