Само изрендајте компир…Пица од зеленчук е многу вкусно јадење за целото семејство…Брзо и без чекање…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

5 компири
2 јајца
20 г кисела павлака или цврст јогурт
100 г брашно
5 г прашок за печиво
1 главица кромид (виолетов)
1 црвена пиперка
100 г рендан кашкавал / моцарела
1 китка млад кромид
сол и црн пипер по вкус

ПОСТАПКА:

1.Компирите изрендајте ги, додајте ги јајцата, посолете и запиперете, додајте павлака и промешајте.

2.Додајте брашно и прашок за печиво и сето добро измешајте го да нема грутчиња. Смесата распоредете ја во калап (26-28 см) обложен со хартија за печење и намастен врз хартијата.

3.Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 30 минути.

4.За тоа време пропржете го кромидот на малку масло, додајте ситно сечкана пиперка и динстајте додека да омекне. Посолете и запиперете по вкус.

5.Смесата распоредете ја врз печената пица, а одозгора посипете рендан кашкавал. Вратете да се допече уште 15 минути на 180 степени.

6.Одозгора посипете ситно сечкан млад кромид и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.