Ако досега не сте јаделе вакви колачиња, еднаш барем мора да ги направите. Според оригинален рецепт од американски шеф на една кујна, овие колачиња се прават многу едноставно и лесно, а најдобро од сè е тоа што не се печат.




Единствено само една состојка се пече, а тоа е брашното кое го има во овие колачиња. Брашното не може да се јаде „живо“ бидејќи има многу бактерии во него, а кога печете колачи кои содржат брашно, во рерната тие се yништyваат. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 270 г сенаменско бело брашно или 2 чаши со 1/4 чаша, 230 г растопен путер (несолен), 300 г шеќер (може и бел или кафеав) или 1,5 чаша, 1 мала лажичка сол (5 г), 2 мали лажички ванилин екстракт (10 мл), 2 големи лажици млеко, 300 г или 2 чаши ситно сечкано чоколадо на топчиња.




ПОСТАПКА: Брашното ставете го на плех без хартија за печење и добро распоредете го низ целиот плех. Печете го 10 минути во претходно загреана рерна на 180 степени. Во меѓувреме подгответе ги и останатите состојки.




Во подлабок сад ставете го претходно растопениот путер и додајте го шеќерот. Ако имате кафеав шеќер, изберете го тој наместо белиот за колачињата да имаат поубав изглед. Започнете да ги матите состојките со миксер додека шеќерот да почне да се растопува и соединува со путерот.




Додајте ја солта, ванилиниот екстракт и млекото. Како што може да забележите овие колачиња не содржат јајца и масло. Добро измешајте ги сите состојки и на крајот додајте го брашното, постепено додека ја соединувате смесата со раце или со електричен миксер за тесто додека малку да почне да се формира.




Нешто пред крајот додајте ги ситно сечканото чоколадо, најдобро би било да купите некое на топчиња. Измешајте го чоколадото во смесата заедно со брашното. Смесата нема да се соедини како класично тесто и да се оформи, туку уште малку ќе биде разлеана, но сепак стврдната.




Затоа најдобро е да ја ставите во фрижидер да се стегне околу 30 минути и потоа да формирате бомбици/топчиња со големина по ваша желба. Колачињата имаат многу убав вкус и воопшто не се гумени. Доколку сакате можете половина и да ги испечете во рерна на 180 степени околу 15-20 минути, но навистина нема потреба од дополнителна работа.




Наместо чоколадо може да ставите и некое суво овошје или јаткасти плодови. Коментар од читателка Ангела: Работи што ги научив откако ги направив овие колачиња повеќе пати: Почекајте брашното ЦЕЛОСНО да се излади пред да го измешате со останатите состојки. Ако не го направите тоа, тестото ќе испадне зрнесто.




Потоа, правилно измерете го брашното, ако ставите повеќе од наведената количина потешко ќе се формира смесата. Никогаш не ги мешајте овие два поими: мек путер и стопен путер. Во спротивно смесата ќе излезе течна. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.