Малку необична салата, но многу е вкусна, топло ја препорачувам.
Потребни состојки:
8-10 печени пиперки (излупени, исечени на ленти или на покрупни парчиња
150 г шунка или бело пилешко месо сечено на мали коцки
3 варени јајца, сечкани
250 г фета сирење
Сол и црн пипер по вкус
Малку мајонез и кисела павлака за поврзување на состојките
Постапка:
Пиперките испечете ги, па откако ќе отстојат малку во кеса и изладат, излупете ги, исчистете ги од семето и исечкајте ги на крупни парчиња.
Јајцата сварете ги, па откако ќе изладат излупете ги, па и нив исечкајте ги. Истото сторете го со сирењето и месото или шунката.
Зачинете ги, добро промешајте ги и садот ставете го во фрижидер. Состојките за салатата потребно е да бидат добро изладени пред да се поврзат со мајонезот и киселата павлака.
Во изладената салата додадете мајонез и кисела павлака само онолку колку да се поврзат, но вие ако сакате ставете и повеќе. Садот поклопете го и вратете го во фрижидер, до сервирање.