Многу е слична на руската салата, а со оризот се добива на количина, многу е вкусна и освежителна.

Потребни состојки:

1 шолја ориз
2 моркови
1 шолја грашок
1 помал пашканат
2 варени јајца
200 мл мајонез
2 лажици павлака
½ лажичка сол
3 кисели краставички или по желба

Постапка:

Оризот ставете го во еден сад, налејте го со вода и ставете на оган да се вари 15-тина минути. Тргнете од оган, долејте врела вода и оставете да отстои.

Во друг сад ставете морков, пашканат и грашок да се варат. Процедете и изладете. Можете истовремено да ги готвите оризот и зеленчукот, по ваша проценка.

Јајцата излупете ги. Измиениот и процеден ориз ставете го еден поголем сад, додајте го исцедениот зеленчук, ренданите јајца, исечканите краставички, па додајте сол по вкус, мајонез и павлака, па сето добро промешајте го.

Салатата е готова а можете да ја сервирате со било кој вид печено месо.