Фото и рецепт: Катерина Спасова
Потребни состојки:
Месо по ваш избор
Зачини: сол, црн пипер и мирудии по ваш избор
Тегли
Постапка:
Се сече месото и му се додаваат зачините, убаво се меша за да прими месото. Се остава три часа за убаво да се маринира.
Месото се става во тегли и убаво се гмечи. Му се додава по еден филџан вода. Се затвораат теглите и се ставаат во голема шерпа полна со вода, убаво да бидат залиени. Секоја тегла е завиткана во крпа. Се варат на тивко три до четири часа.
Многу убаво и вкусно. Кој пробал, тој знае.