РУЧЕК ЗА 20 МИНУТИ…Од само 2 состојки…Многу вкусно јадење, сите го сакаат…
Ручекот не мора секогаш да биде некое комплицирано јадење…Може да се приготви и на ваков, едноставен начин. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 големи компири, зачини: масло, по 1 лажичка црвен пипер, вегета,
500 г пилешко бело месо, зачини: 1.5 лажичка зачин за пилешко, 0.5 лажичка црвен пипер, малку сол
ПОСТАПКА:
1.Компирот и месото исечкајте ги на ситни коцки, зачинете ги и ставете ги во намастен огноотпорен сад. Прво сипете го компирот, а врз него месото.
2.Сипете малку вода (околу 50 мл) и ималку масло одозгора и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20-30 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.