Компирот може да се приготви на милион начини, и секојпат се појавува некој нов, изненадувачки добар рецепт. Овојпат испробајте го рецептот на Ивана, ќе бидете воодушевени. Ние го испробавме, и за 5 минути целото го изедовме, ни стана омилено јадење. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 страк праз, 1 главица кромид, 2 кг компири, 1 мала лажичка зачинска црвена пипер во прав (лута или слатка), црн пипер и сол по вкус, 1 мала лажичка куркума, 1 мала лажичка суво оригано, 30-40 мл масло или путер, 300 мл вода, 300 г фета сирење или некое друго ситно или кремасто сирење




ПОСТАПКА: Кромидот излупете го и исечкајте го на коцкички, а празот исто така, исечкјате го колку можете поситно. Зеленчукот измешајте го и директно ставете го во длабока тава или тепсија во која ќе се пече јадењето.




Компирите излупете ги, измијте ги од скробот и исечете ги на тенки плочки-тркалца. За да не ви потемнуваат ставајте ги во некој сад со ладна вода, а потоа само исцедете ги добро од водата и истурете ги во тавата.




Започнете со додавање на зачините. Секако, можете да додавате или одземате зачини и по ваш вкус, а доколку сакате можете да додадете и малку димена црвена пиперка во прав, или чили во прав доколку повеќе го сакате пикантниот вкус.




Посолете или запиперете по вкус, а по желба додајте и малку куркума во прав која освен што на компирот ќе му даде одлична боја, туку и ќе му го збогати вкусот. Потоа додајте оригано, или босилек или некоја друга зачинска билка, доколку сакате.




Добро промешајте ги компирите заедно со сечканиот кромид и праз, за да се распоредат зачините рамномерно. Потоа додајте 300 г фета сирење, или некое друго ситно или кремасто кое ќе се растопи во печењето и ќе се соедини со компирите.




Одозгора наросете масло, приближно 30-40 мл и 300 мл вода. Земете парче хартија за печење, натопете ја со вода и добро изгужвајте ја меѓу раце за да може полесно да се обликува, па прекријте го садот.




Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, приближно половина час или малку повеќе, додека убаво да се испече компирот и да зарумени одозгора. Се послужува топло како главно јадење или како прилог. Деталите погледнете ги ОВДЕ. Рецептот за евтин, а многу вкусен манастирски компир прочитајте го ОВДЕ.