РОЛНИЧКИ СО СИРЕЊЕ ОД ГОТОВИ КОРИ…Однадвор крцкави, однатре меки и сочни, многу вкусни…Со специјален сос. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл и мала чајна чаша од 120 мл):

3 големи фило кори (или 9-12 обични кори)
За сос:
3 јајца
1 чаша цврст јогурт или кисело млеко/павлака
1 мала чајна чаша масло
1 лажица брашно
1 лажица оцет
1 кесичка прашок за пециво

За фил помешајте:
300 г сирење
1 китка ситно сечкан магдонос (по желба, не мора)
За посипување одозгора:
семе од афион/мак

ПОСТАПКА:

1.Сите состојки за сосот помешјате ги за добиете изедначена течност.

2.Отворете ја кората и преку цела површина премачкјате ја со сосот. Преклопете и исечете 4-6 триаголници.

Ако користите обични правоаголни кори, тогаш преклопете ја на половина или дијагонално, по избор. Од една обична кора можете да добиете една, две или три ролнички, во зависност од тоа колку големи сакате да бидат.

3. Секој преклопен триаголник премачкјате го со сосот, а на пошироката страна стравете фил и свиткајте во ролничка (прво затворете ги страничните страни за да не истекува филот.

4.Ролничките наредете ги во намастен плех и одозгора прелијте ги со преостанатиот сос.

Посипете ги со афион или сусам и печете ги во загреана рерна на 190 степени додека да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.