РОЛАТ САРМА Е НОВАТА КРАЛИЦА НА ТРПЕЗАТА – Сите што ја пробале не ја јадат веќе традиционалната: Се прави брзо, а вкусот е неспоредливо ПОДОБАР!

Задолжително пробајте го ролатот со сарма, ќе ви стане омилен оброк по првиот залак! Одлична сарма, но на сосем поинаков начин, толку е неодолива што традиционалната ќе ја заборавите за неколку секунди!

Вкусот е едноставно волшебен и многу е тешко да се напушти масата кога ќе се послужи. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 кг зелка или една главица
700 г мелено месо
200 г варен ориз
2 главици кромид
2 црвени пиперки
1 китка магдонос
сол, црн пипер, сув зачин, црвен пипер
1 јајце

ПОСТАПКА:

Извадете го коренот на зелката и ставете ја главицата во зовриена вода да се обари за да омекне. Во водата ставете една лажица сол и две лажици оцет.

Исечкајте го магдоносот и додајте го во меленото месо. Потоа во смесата додајте го оризот и ситно исечканиот кромид. Потоа исечкајте две црвени пиперки и додајте ги во филот, а потоа зачинете го по вкус. После тоа, додајте едно јајце, за да се спои смесата и сè убаво измешајте со рака.

Ако користите помасно месо, нема потреба да додавате масло, само ако е попосно, како пилешко или телешко, тогаш засилете со маст или масло.

Кога ќе го подготвите филот, одвојте ги листовите од зелката и од нив отсечете ги задебелените делови.

Во садот во кој ќе се крчка ролатот можете да ставите и зеленчук по избор, во рецептот на Валентина се редат крупно исечени 2 пиперки, домати и кромид.

Наредете ги листовите едно до друго и малку да се преклопуваат, така да формирате една голема кора. Во средината распоредете го приготвениот фил, па убаво спакувајте го и свиткајте го ролатот.

Садот обложете го со хартија за печење, ставете го ролатот и прекријте го со алуминиумска фолија, па печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.

Потоа премачкајте го ролатот со изматено јајце со малку масло и вратете го во рерна да се потпече отворено уште 15 до 20 минути или додека да добие убава заруменета боја. Постапката погледнете ја ОВДЕ.