РОЛАТ ОД МЕЛЕНО МЕСО…Ова е ХИТ на мојата трпеза…сочно, а лесно се сече на тенки парчиња, вкусно, прсти да излижеш…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1.5 кг мелено месо (свинско)
30 г сол
1 лажичка мелен црн пипер
1 лажичка сув лук во прав
1 лажичка зеленчуков зачин (микс италијанска мешавина)
1 главица кромид (рендан)
1 јајце
3 супени лажици лебни трошки или мелени крекери
70 мл крем-павлака 20% мм
И уште:
300 г кашкавал
300 г шунка
20-30 тенки ленти димена сланина
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад сипете го меленото месо и додајте ги зачините, ренданиот и исцеден (од сокот) кромид, јајце, крекери и крем. Добро измесете го месото за да стане компактно. Покријте го и оставете го во фрижидер 1-2 часа.
2.Отстојаното месо распоредете го врз работна површина обложена со фолија и покријте го со најлонска фолија. Со помош на оклагија обликувајте правоаголна кора со дебелина од приближно еден прст.
3.Израмнете ги страните и отстранете ја фолијата. Одозгора наредете тенки ленти кашкавал (или рендан), а потоа и шунка. Со помош на долната фолија свиткајте го ролатот. отворете го и измазнете го со наводенети раце.
4.Потоа повторно затворете го ролатот во фолијата и оставете го кратко во фрижидер да се стегне. На ново парче најлонска фолија наредете ја сланината, а во средината поставете го ролатот.
5.Обложете го ролатот со сланина од сите страни и повторно свиткајте го во фолијата и оставете го во фрижидер 30-60 минути за да се стегне.
6.Потоа извадете ја најлонската фолија и свиткајте го во три слоја алуминиунска фолија (за да го одбегнете контактот со алу-фолијата, најпрво можете да ставите хартија за печење.
7.Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 90 минути. Отстранете ја горната фолија, потурете го месото со сокот што го испуштило, па вратете да се допече уште 15 минути на 240 степени.
8.Печениот ролат можете веднаш да го послужите, но најубаво се сече на тенки парчиња откако ќе се олади. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/2cHmo-moZEE?si=vezrwETNZ-0yLqZs