Риба печена во рерна со многу зеленчук…Прсти да излижеш…Вака подготвена е многу сочна и вкусна…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 парчиња риба, исчистена и исечена на кременадли
3 големи главици кромид исечени на прстени
3 големи компири исечени на тркалца
2 големи црвени пиперки исечени на тркалца

За прелив (сите состојки измешајте ги):
1 лажица доматна паста
1 лажица црвен пипер во прав
1 лажица лук во прав
1 чајна чаша маслиново масло (100 мл)
сок од лимон
сол

ПОСТАПКА:

1.Во огноотпорен сад прво наредете го кромидот, па врз него компирите, па пиперките и на крај рибата.

2.Одозгора секое парче риба добро полијте го со приготвениот прелив од масло и зачини.

3.Покријте го садот одозгора со парче хартија за печење кое претходно сте го изгужвале и натопиле во вода за да омекне.

4.Печете во загреана рерна на 180 степени 40 минути.

Отстранете ја хартијата и допете уште 10 минути колку да фати коричка. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/ObKqyF4Zmp0?si=l-WbUe9vbE1d3ybX