Иако почесто се говори за рак на дојката, ракот на матката-поточно ендометријалниот карцином е еден од најчестите облици на ракот.
Доколку се открие навремено овој вид на рак може да се излекува, но сепак стапката на смртност е висока.
-Знаеме дека жените имаат поголеми шанси да се излекуваат доколку ракот се открие навреме. Нашата цел е она што го откривме да го насочиме кон тоа да осмислиме начин за рано откривање на ендометријалниот канцер, а кој жените би можеле да го користат дома- вели д-р Џејми Бакум-Гамез, гинеколог од Мајо клиниката.
Идејата за вакво истражување потекнува од резултатите на студијата спроведена во 2004 година која откри дека жените со ендометријален канцер, оставаат клетки од ракот на тампоните. Иако ова било револуционерно откритие, до сега не било ништо направено за ова сознание да најде примена во некој вид на домашен тест.
Тимот на докторката Бакум-Гамез зеле примероци од 66 жени кои требало да направат хистероктомија и кои повеќе од половината имале ендометријален канцер.
Примероците биле земени од тампоните кои тие ги носеле, но и со традиционален метод. На сите тампони кои жените ги носеле, а кои имале рак, биле пронајдени траги од метилат, кој се користи како хемиска ознака за рак.
Пред научниците стои долг пат до развојот на домашниот тест за канцер, но тие веруваат дека тоа сепак е возможно.
-Во срцето на овој пристап е желбата да може раното откривање на ракот да му се доближи на пациентот, со производ кој би бил лесно достапен и широко прифатен, па дури и во сиромашните средини- вели д-р Бакум-Гамез.