Оваа феноменална пита ми ја покажа мојата свекрва. Оттогаш многу често ја правам, превкусна е и децата многу ми ја бараат. Верувајте, кога и вие еднаш ќе ја направите, ќе стане многу чест рецепт во вашата кујна.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г готови кори за пита
1 кисела павлака
4 јајца
1 чаша (од киселата павлака) масло
500 г сирење кравјо или по ваш вкус
сол по потреба
ПОСТАПКА:
Изматете го сирењето со две јајца. Посолете по потреба.
Направете го филот со кој ќе ги премачкуваме корите: Се прави така што ги матиме заедно киселата павлака со 2 јајца и една чаша (од павлаката) масло. Малку посолете.
Корите пресечете ги со нож по средина, за да добиете помали кори.
Земајте по една кора, премачкајте ја по целата површина со фил, преклопете еден дел, а преку него уште еднаш, за да добиете кора со должина од околу 25 см и ширина 8 см.
На едниот крај од аголот ставете сирење, преклопете за да добиете триаголник.
Правете вакви триаголничиња додека да ви се потроши сирењето, а ако ви остане ставете го одозгора врз триаголниците.
Печете ги 10-15 минути на 200 степени.
Мора да ви кажам дека триаголниците, нивната величина и големина зависи од корите. Од неодамна купувам едни кори кои се наменети за солени пити, па триаголниците ми излегуваат совршени.
Коментар на Фемије Сулејмани:
”Super.vi.se.receptite 👍Jas na mesto sirenje nekoj.pat go pravam so pras Vo prasot.seckam i edna.glavica kromid.Go posoluvam malce.crn.piper.crven.piper i.malce maslo.Sve.to.go mesam A na mesto pavlaka jas mesam 1 solja kisela.voda i.1 solja maslo I.taka sekoja kora.gi mackam.pp malce pa.go.sdiplam.napola.pa.uste. ednas da dojde.dolga i tesna k mu stavam prasot i.pravam.triagolnici A ce probam i vaka so filot.od pavllaka i i.jajce Izgleda fantasticno 👐👐💞☺️“