OВОЈ РЕЦЕПТ ЗА ПЕЧИВО ГО БАРАВ ЕДНА ГОДИНА, без масло, со мерки на чаша, сега кога го имам не би го заменила за ништо. Рецепт на Гурман ТВ. Полнето печиво со кашкавал, а одозгора со сусам, толку е меко и вкусно, ќе сакате секој ден да го јадете.
Тестото се подготвува многу брзо и лесно се замесува, потоа се чека повеќе време да стаса, а на крај се пече за само 25 минути. Го подготвувам за појадок, ручек, вечера, секогаш сите печива се изедуваат, а филот може да го комбинирате по ваш вкус.
За да го подготвите тестото ќе ви бидат потребни следниве состојки: 7 чаши брашно, 1 чаша млеко, 1 чаша вода, 2 јајца, 10 г квасец, 1 лажичка сол, 1 чаша густ јогурт. Чашата е во количина од 200 мл.
Во овој рецепт за фил се користи тврдо сирење, а тестото се премачкува со путер. Ќе ви бидат потребни уште: 200 г сусам, 100 г путер, 50 г мед, 150 мл вода, 200 г тврдо сирење.
Постапка: Подготовката на тестото е многу лесна и едноставна. Во подлабок сад се соединуваат следниве состојки: млеко, вода, сол и квасец, па се промешува со кујнска жица за матење. Потоа се додаваат двете јајца и се разматуваат во течната смеса.
На крајот се додава јогуртот и брашното, па се преминува на замесување и формирање на тестото со рака. Кога ќе го замесите тестото, префрлете го на набрашнета рамна површина и замесете го уште малку додека сè да се соедини.
По замесувањето, тестото се враќа во садот, се покрива со кујнска крпа и се остава убаво да стаса додека да го удвои својот волумен, околу 2 часа. По изминатото време, се префрла на набрашнета површина, малку се размесува и се дели на половина.
Двете половини се замесуваат посебно како дебел валјак, а потоа секоја половина се дели на 5 еднакви дела. Секој дел се развлекува во круг со рака, а потоа се развлекува со оклагија. На средината се премачкува со полурастопен путер.
Потоа одозгора се става правоаголно парче тврдо сирење и се затвора по страните, во правоаголн форма. Истата постапка се применува и за останатите парчиња тесто. За фил: Во еден сад се мешаат водата и медот, а во друг сад се става сусамот.
Потоа секое тесто се потопува во сад со измешан мед со вода, па се потопува во друг сад со сусам да се опфати целото тесто во сусам. Вака тестата се редат на плех, обложен со хартија за печење.
Печивата се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 25 минути. По печењето се оставаат малку да се изладат, и се послужуваат топли. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ со уште едно бонус видео за брзо филувано тесто за печиво.