Фото и рецепт: Драгана Мијаиловиќ – лек со див костен.
Сега откако ги направивме зимниците, време е да си собереме диви костени и да си ја направиме лековитата ракија за реума, вени и нерви.
Рецептот е навистина многу едноставен, а дивиот костен го има во изобилство. Доволно е само да се набере од некоја чиста средина, од некој парк…
Го добив многу одамна, кога лежев неподвижна две недели, а после тоа уште бев слаба и чувствителна, кога сретнав еден човек кој ми раскажа за својата несреќа. Само со костеновата ракија успеал да се поврати назад во живот… Ова е навистина лек даден од Бога.
Сега кога има костени на сите страни, треба да си собереме и да си го направиме овој лек. Секому му го препорачувам… Само за надворешна употреба!
Рецептот е навистина едноставен: костенот изрендајте го грубо, а бидејќи е цврст, може да го истолчите со чекан или камен. Наполнете до половина во шишето или теглата и прелијте со ракија. Колку повеќе ќе ставите, толку подобро.
Оставете ја теглата да отстои 10-тина дена, секојдневно протресувајте ја и после тоа можете да почнете да ја користите. Може да ја процедите, но и не мора.
На 1 литар ракија ставете најмалку 15 диви костени, а може и повеќе. Помага за болни и попуштени вени, но и за мускули, дебели ткива и реума. Во ракијата може да додадете и гранче-две рузмарин.
Ракијата е одлична и за уморни нозе и сите болни места. Јас самата себеси се спасив од воспалени нерви и зафатени мускули пред некои 25 години. Секогаш си го имам овој лек. Помага и за испукани капилари кои со тек на времето и редовна употреба се повлекуваат.
Со оваа ракија нежно ја мачкам кожата со рака, а откако ќе впие, мачкам повторно. Потоа ставам кеса за да се направи вакуум и да се загрее, најчесто на грбот и вратниот дел каде имам болки. Ако кожата ви е чувствителна, пред да ја нанесете ракијата, малку намачкајте се со масло.
Колку подолго стои облогата, толку подобро. Најдобро е да се стави навечер, до следниот ден или барем најмалку два часа. Не плашете се, нема да мирисате.
Јас превентивно ги мачкам стапалата и вратот секој ден, па потоа излегувам од дома. Откако го знам леков се одржувам себеси и повеќе не паѓам од болки како порано. Фала му на Бога, сега нормално се движам…
Фото и рецепт: Драгана Мијаиловиќ