Семето од коприва отсекогаш се користело како докажан природен лек за анемични и слаби лица. Копривата како таква, секој нејзин дел, вклучително и семето, е најдобриот природен лек за кога станува збор за cлабокpвност, бидејќи ја зајакнува кpвта, го зголемува нивото на железо во кpвта и овозможува нејзина подобра исхранетост и подобра снабденост со кислород.

Семе од коприва во мед со лимон и цимет – Милица Гвериќ




Лекот против анемија можете сами да го подготвите на многу едноставен начин. Ќе ви претставиме неколку рецепти кои со додавање или одземање на некои состојки го менуваат дејството и на тој начин можат да помогнат кај различни состојби.

Семе од коприва – Милица Гвериќ

Основата е иста, семе од коприва и мед и главно сите овие рецепти се драгоцени и ја подобруваат општата здравствена состојба и имунитетот на организмот. За читателите на НМД ги одвоивме најдобрите рецепти:




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: половина килограм природен мед, 4 големи лимони, 100 гр семе од коприва, 300 г ореви и малку цимет по желба. Медот набавете го од проверен пчелар или производител.

Семе од коприва во мед со лимон и цимет – Милица Гвериќ




Во последно време на пазарите може да се најдат различни шеќерни сирупи со конзистенција, вкус и изглед на мед кои повеќе прават штета отколку корист на организмот. Семето од коприва наберете го сами или набавете го од билкар или Билна аптека. Ова е начинот на подготовка:




ПОСТАПКА: Ако семето го набавувате од продавница за здрава храна, побарајте веднаш таму да ви го сомелат во прав. Доколку го купите пакувано семето, тогаш сомелете го во домашни услови (може да се остави и несомелено, но потешко е за дигестија и под забите крцка како песок).

Оревите исто така сомелете ги во блендер или исечкајте ги доста ситно. Измешајте го семето од коприва со мелените ореви во некој поголем сад, па додајте ги медот и свежо исцедениот лимонов сок.




Мешајте сè додека рамномерно да се изедначат сите состојки и да добиете хомогена густа смеса. Складирајте ја смесата во стаклени теглички и чувајте ја во фрижидер. УПОТРЕБА: По една супена лажица секое утро на празен стомак. Лимонот е одличен извор на витамин Ц кој ја подобрува апсорпцијата на железото.




Исто така, копривата е природен концентрат на витамини и минерали, младите листови и семето од коприва содржат неколку пати повеќе витамин Ц од зелената салата или друг култивиран зеленолиснат зеленчук. Ако сакате да го зајакнете имунолошкиот систем на вашето тело, пробајте ја „специјалната мешавина за имунитет“:

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг природен ливадски мед, 100 г ореви, 100 г бадеми, 200 г ленено семе, 50 г семе од коприва. ПОСТАПКА: Сомелете го семето од коприва и ленот, а оревите и бадемите можете ситно да ги исечкате или да ги сомелите.




Сите состојки измешајте ги со медот во некој поголем сад, а потоа складирајте го во стаглени теглички. УПОТРЕБА: неколку пати дневно по една мала лажичка. Доколку имате проблем со кашлица, тогаш направете го следниот ефикасен природен препарат:

РЕЦЕПТ 3 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 главици црвен кромид, 4 цели ореви во тврдата лушпа, 20 г семе од коприва и 750 г природен мед. ПОСТАПКА: Оревите добро измијте ги сосе лушпата, а потоа малку накршете ги и ставете ги во едно подлабоко тенџере.




Од главиците кромид отсечете го само коренестиот дел, измијте ги добро и пресечете ги на половина сосе лушпата, па и нив додајте ги во тенџерето. Прелијте ги со еден литар вода, додајте 20 г семе од коприва и ставете да се сварат на умерена температура додека да се преполови.




Процедете ја добро течноста и во неа додајте 750 г мед. Измешајте за да се раствори рамномерно медот, па складирајте во стаклени теглички и чувајте во фрижидер. УПОТРЕБА: По една супена лажица 2-3 во текот на денот.