Ако сакате совршени пуканки, дури и подобри од оние што ги продаваат во кино салите, мора да го пробате овој трик.
Исто така, мора да знаете дека од лошо испукани пуканки најмногу страдаат забите, бидејќи статистички, најголем процент на скршени заби се пријавени поради јадење на пуканки!
За да приготвите совршено испукани пуканки, потребно е да направите една работа пред нивното пржење. Овој трик нема секој да ви го открие!
Имено, потребно е да ги потопите во вода околу 10 минути, потоа да ги исушите и најпосле да ги испукате во соодвете сад за тоа, или во тенџере кое задржува рамномерно температура со додаток од малку путер или масло.
Благодарение на овој трик, пуканките ќе бидат попуфкасти за разлика од оние кои не сте ги “избањале”.
Уште нешто што треба да го знаете, доколку не ги потопувате во вода, во тенџерето ставете ладно масло или путер заедно со зрната. Повеќето грешат бидејќи ги ставаат во веќе загреано масло.