Последниве години колачот наречен „трилече“ стана многу популарен во целиот регион, особено летниот период кога сите сакаат нешто сочно и освежително. „Трилече“ во буквален превод значи „три млека“, а колачот го добил ова име затоа што се залива со три вида млеко.
Овој рецепт се разликува од сите останати поради тоа што за него не ви е потребно кондензирано млеко, кое поретко се наоѓа или мора самите, дополнително да си го направите. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 јајца, 200 г брашно, 300 г шеќер, 200 г гриз, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 1 прстофат сол. ЗА ПРЕЛИВ: 500 мл слатка павлака, 1.2 литар млеко, 100 г млеко во прав. ЗА КАРАМЕЛ: 100 г шеќер, 100 мл слатка павлака, 80 г путер, 1 прстофат сол. Или едноставно купете 250 г готов карамел.
ПОСТАПКА: Во посебни садови одвојте ги белките од жолчките. Белките со прстофат сол пенасто изматете ги со миксер, па кога ќе згуснат започнете постепено да го додавате шеќерот и ванилата. матете непрекинато додека шеќерот да се растопи и да добиете цврст снег кој не паѓа кога ќе го превртите.
Потоа, започнете да ги додавате една по една, шестте жолчки. На овој начин смесата ќе остане и натаму пенлива и густа. Миксерот повеќе нема да ви треба. Додајте ги постепено сувите состојки, брашното, прашокот за печиво и гризот, но, мешајте со лажица или шпатула.
Мешањето треба да биде со бавни движења, како да црпите со лопатка од долу кон нагоре и да превртувате смесата. Вака смесата ќе остане пенлива и воздушеста, а кога ќе се испече ќе биде сунѓереста. Подгответе плех или калап со средна големина и обложете го со хартија за печење.
Излејте ја целата смеса во калапот, рамномерно распоредете и израмнете. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, приближно половина час или проверете со чепкалка. Печениот колач оставете да се олади, потоа избоцкајте го со виљушка од едната страна, па превртете го.
Отстранете ја хартијата, па избоцкајте го и од другата страна. Вратете го во калапот во кој се печеше. Во подлабок сад сипете го млекото, слатката павлака и млекото во прав, па добро измешајте да се соедини. Полека залијте го со млечната мешавина и оставете да ја впие.
Ако сте купиле готов карамел, тогаш сипете го во тенџерче и загрејте го на тивок оган за добро да се отпушти, па премачкјате го колачот одозгора. Ако приготвувате сами: загрејте го шеќерот во суво тенџере додека да се карамелизира, па тргнете од оган и додајте ја слатката павлака.
Мешајте за додека да се растопи целосно карамелот и по потреба загревајте на тивок оган. Додајте прсатофат сол и путер, па мешајте додека тој да се растопи и инкорпорира во смесата. Колачот добро изладете го пред послужување. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.