Ви го претставуваме рецептот за приготвување на сируп од багремов цвет. Сирупот е многу добар за лекување на настинки, против болки во грло, главоболки и против грчеви во стомак.

Багремот е најдобро да се бере на сончево време, кога цветовите се убаво отворени.

Потребни состојки:

28 гранчиња цвет
500 мл вода
500 г шеќер
1,5 лажичка лимонтус

Постапка:

Гранчињата со цветови добро измијте ги и исушете ги на крпа. Водата сварете ја со шеќерот под капак, 15-тина минути, па оставете да подизлади. Додадете го лимонтусот, промешајте да се растопи и оставете целосно да излади.

Во ладниот сируп додадете го сировиот багрем. Добро поклопете го тенџерето со капак или алуминиумска фолија, па оставете на ладно и темно место да отстои 24 часа.

После тоа време процедете го сирупот, ставете го повторно на оган колку да проврие еден клуч. Врел складирајте го во тегли или шишиња, добро затворете го за да се вакумира. Теглите можете да ги превртите наопаку.

Разредете со вода по вкус (доста е слатко). Сирупот има пријатен мирис и вкус, доколку сте во можност направете го и пробајте го.

Како што веќе споменавме, овој сируп од багрем е добар ако имате проблем со грло, со кашлица и главоболка. Исто така, сирупот ќе ви помогне и во случај на грчеви во стомак или во случај на настинки.

coolinarika.com