Намирниците кои ви се потребни за да го приготвите овој напиток, веќе ги имате во кујната. Направете природен лек кој ќе ви овозможи косата да се згусне и да добие сјај и здрав изглед, а кожата да се разубави и да се зголеми нејзината еластичност.
Една од потребните состојки е лененото масло. Лененото семе е богато со омега 3 масни киселини, за кои е докажано дека поттикнуваат побрзо заздравување на ра-ните, но исто така има корисен ефект и кога станува збор за нега на кожата. Леното семе содржи и линолеинска киселина, која е важен дел од кој е изграден епидермисот.
Лененото семе е одличен извор на витамин Е и витамин Б комплекс (рибофлавин, ниацин, тиамин, пантотенска киселина, витамин Б6 и фолати). Витаминот Е е многу важен во заштитата на кожата и слузокожата од штетните ефекти на слободните радикали.
Исто така, ленот се препорачува за нега на косата поради изобилството на витамини што ги содржи. За овој рецепт исто така, ќе ви биде потребен и лимон, кој содржи лимонска киселина, витамин Ц, магнезиум, калциум, флавоноиди и пектини, кои имаат корисен ефект врз нега на косата.
Природата ни подарила бројни дарови за нега на убавината и одржување на здравјето, а еве како да го направите напитокот кој ќе ви овозможи подобар квалитет на косата и поубава кожа:
Потребни состојки: 200 мл ленено масло, 3 помали главици кромид, 4 лимони со средна величина и 1 кг природен мед
Постапка: ставете ги лимонот и кромидот во блендер (два излупени и два нелупени лимони). Додајте масло и мед. Мешајте додека да се формира компактна смеса, а потоа истурете ја во стаклена тегла и чувајте ја цврсто затворена во фрижидер.
Земајте по една лажица од напитокот трипати на ден пред јадење, а најдобро е да користите дрвена лажица.
Витамини и рецепт за побрзо растење на косата
ВИТАМИН А- ја чува косата и скалпот хидрирани и го регулира производството на ретиноичната киселина- суштинска компонента за ревитализација на фоликулите на косата.
ВИТАМИН Б- го стимулира растот и го подобрува дишењето на клетките кои се одговорни за растот на косата.
ВИТАМИН Б3- ја подобрува целокупната циркулација на телото, вклучувајќи ја и главата, што резултира со регенерација и раст на косата.
ВИТАМИН Б12- го стимулира производството на црвените кр-вни зрнца кои им помагаат на фоликулите на косата да добијат повеќе кислород. Витаминот Б12 исто така, го спречува превременото проседување на косата.
ВИТАМИН Ц- ја зајакнува косата и ја штити од оштетување, кршење и раслојување на влакното. Го поттикнува растот на ново ткиво и нова коса.
ВИТАМИН Е- ја поттикнува циркулацијата на кр-вта и го одржува здрав имунолошкиот систем што е важно за одржување на влажноста и сјајот на косата.
БИОТИН- уште познат како „витамин на косата“. Го стимулира инсулинот кој помага во испорачувањето на гликозата, потребна за фоликулите на косата. Ги стимулира кератиноцитите, клетки кои се одговорни за зголемување на силата и здравјето на косата.
Исто така, важно е да вклучите доволни количини железо и цинк во исхраната.
Потребни состојки: 1 лажичка вотка, 5 капки масло од лаванда, 3 капки масло од рузмарин и 1 лажица дестилирана вода
Со оваа смеса натопете ги вашите прсти и нежно масирајте го скалпот. Оваа смеса: ги елими-нира бактериите од скалпот, ја елими-нира нечистотијата, ги отвора фоликулите, овозможува раст на нови фоликули