Овој јогурт кој потсетува на киселото млеко, а познато како грчки јогурт спаѓа меѓу најценетите и многу здрави намирници, а има многу повеќе протеини од стандарниот јогурт.

Може да се додава во разни јадења, да се збогати со овошје или да се јаде самостојно.

Ова е оригинален рецепт кој можете да си го направите сами, во вашата кујна.
Потребен ви е 1 литар полномасен јогурт (3,2% млечни масти).

Земете поголем сад и врз него ставете голема цедалка.
Преку цедалката наместете густа газа (може да ставите и неколку слоја).

Тука истурете го јогуртот за да се процеди и покријте го со фолија. Оставете го во фрижидер да се цеди преку ноќ, но не повеќе од 8 до 10 часови.

Јогуртот кој останал во газата е всушност познатиот “грчки јогурт”, а преостанатата сурутка можете да ја пиете како освежувачки напиток.

Како се приготвува од млеко?

Ова кисело млеко или грчки јогурт можете да го направите и на малку поинаков начин. За да добиете една шолја потребни ви се 2 шолји масно млеко и 2 до 3 лажици обичен јогурт (на собна температура) и секако, газа.

Млекото загрејте го на средна температура додека да подтигне 80 степени (речиси пред зовривање).

Тргнете го од оган, ставете го во стаклена тегла и оставете да излади до темпераура од 40 степени. Сега додадете го обичниот јогурт.

Теглата покријте ја со крпа и оставете ја на топло место преку ноќ (8 до 10 часови). Сега оваа смеса процедете ја како што е опишано во претходниот рецепт, но ќе ви бидат доволни 4 до 6 часа.

Овој јогурт може да трае и до седум дена во фрижидер.