Рецепт и видео презентација на Том Филос. Затворените калцоните приготвени по овој рецепт имаат одличен вкус изгледаат совршено. Тестото е фино и меко, однадвор корцкаво, а внатре филувано со состојки во совршена комбинација.
Потребни состојки: 220 мл топла вода, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сув квасец, 400 г брашно, 1 лажичка сол, малку масло за премачкување на тестото и 1 жолчка со 2-3 лажици млеко за премачкување на калцоните
Постапка: Во подлабок сад ставете 220 мл топла вода, една лажичка шеќер, една лажичка сув квасец и промешајте со жица за матење за убаво да се растворат состојките. Во смесата постепено додадете 400 г брашно (додавајте го лажица по лажица и матете за да нема грутчиња). На крај додадете една лажичка сол и продолжете со мешање.
Месењето продолжете го рачно додека да стане мазно и еластично. Убаво изработете го на работната површина, формирајте топка и премачкајте го со масло. Оставете го во намастен сад и покријте го со проѕирна фолија да стасува на собна температура 90 минути.
Стасаното тесто истресете го на набрашнета површина, премесете го и поделете го на два дела, а од секој дел повторно формирајте топка. Потоа со помош на оклагија развлечете кора со величина на поголема чинија, па по желба ставете сè што би сакале да ставите на пица.
Фил: доматно пире/кечап, сечкани печурки, рендан кашкавал, сечкан кашкавал/шунка…
Кората поклопете ја на половина и со прстите притиснете ги краевите за да се залепи тестото, за да не истекува филот при печењето. Нправете витки (плетење на краевите на тестото).
Вака приготвените затворени калцони ставете ги во плех обложен со хартија, одозгора премачкајте ги со изматена жолчка и малку млеко и ставете ги да се печат во добро загреана рерна на 250 степени, околу 15 минути или додека убаво да заруменат.
Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: