Оваа пченкарна пита (проја) е одлична да се јаде послужена како предјадење, со мезе, или пак да се послужи како еден од главните оброци со чаша јогурт или кисело млеко. Многу брзо и едноставно се приготвува, а многу е вкусна и лесна за стомакот. Еве што е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200-250 мл): 4 јајца со средна големина, 1 чаша (200 мл) јогурт, 1 чаша (200 мл) газирана вода, 1/2 чаша (100 мл) масло за готвење, 1.5 чаша (од 250 мл) пченкарен гриз, 1 чаша (од 250 мл) пченкарно брашно, 1 чаша (од 250 мл) бело брашно т 400, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 250 г младо сирење
ПОСТАПКА: Во подлабок сад скршете 4 јајца и изматете ги со кратко со кијнска жица-маталка. Додајте половина чаша масло за готвење (100 мл), една чаша газирана вода (200 мл) и една чаша течен јогурт (200 мл), па повторно кратко изматете за да се изедначат и соединат состојките.
Во оваа течна мешавина полека додајте една чаша брашно тип 400 додека непрекинато мешате со маталката. Добро изматете за да добиете мазна и течна смеса без грутчиња, со слична конзистенција на јогуртот.
На ист начин додајте и една чаша пченкарно брашно. Овие две брашна се ситно мелени (прашкасти) и затоа е потребно непрекинато да се меша додека постепено се додаваат, за да не се создадат грутчиња. Освен со маталката, по ѕидовите на садот поминете и со силиконска шпатула, за случајно да не се залепило малку брашно.
Потоа додајте една кесичка прашок за печиво (10 г) и една и пол чаша пченкарен гриз или палента. Добро измешајте додека состојките целосно да се изедначат и да се добие хомогено, полутечно тесто без грутчиња.
Во смесата додајте 250 г младо сирење или фета, изронето на поситни и покрупни парчиња, посолете по вкус во зависност од тоа колку е солено сирењето (ако е солено може и воопшто да не додавате), па промешајте со лажица или шпатула.
Калап или тепсија со средна величина намастете ја со малку масло на дното и ѕидовите, а потоа сипете ја целата смеса. Рамномерно распоредете ја и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, 20 минути, а потоа намалете на 160 степени и печете уште 10 минути. Кога ќе се испече оставете ја да се олади, па сечете и послужете. Деталите погледнете ги ОВДЕ.