Облогата од зелка помага кај сите видови кашлица. Доколку имате проблем со чести респираторни инфекции, имате астма, бронхитис или воспаление на бели дробови, облогата од зелка и мед секако ќе помогне во лекувањето.

Во време на пандемија, многумина се сетија на овој стар народен лек кој го применувае и напите баби, а за кој многумина тврдат дека е делотворен.

Иако не може да го замени лекувањето со медикаменти од пропишаната терапија, сепак ќе ја ги елиминира тегобите од кашлицата и болките кои се јавуваат притоа, а секако и ќе придонесе и за побрзо оздравување.

Оваа облога особено го ублажува надразнувањето од сувата кашлица и помага полесно да се исфрли густиот натоложен секрет.

Потребни состојки:

Две листови од свежа зелка, мед, зовриена вода, пластична кеса, тесна памучна маица, пешкир или шал.

Постапка:

Одвојте два-три големи, широки листови од надворешната страна на зелена зелка, доболно големи за да можат да го покријат градниот кош, но и грбот ако кашлицата е силна.

Листовите малку избоцкајте ги или изгмечете ги за да омекнат, но може и да ги ставите во чинија и да ги прелиете со врела вода. Ова е особено добро зошто тие ќе се загреат и така ќе ја пренесат топлината на градите.

Откако ќе се загреат неколку минути во врелата вода, извадете ги, исцедете ги и намалкјате ги со мед. Ставете ги на гол граден кош и на грб, па покријте ги или обвиткајте ги со пластична кеса или фолија.

Потоа облечете тесна маица за да се фиксира добро, па повторно завиткајте се со пешкир или волнен шал за да ја сочувате топлината на телото. Облогата е најдобро да се остави до следното утро.

Отстранете ги листовите зелка од градите и исчистете ја кожата со натопена крпа во млака вода. Повторете го овој третман со свежи листови и мед, три до седум ноќи по ред, во зависнот од јачината на кашлицата.

СОВЕТ: Освен овие облоги, за да го исфрлите секретото од белите дробови, неопходно е да пиете многу вода, да јадете намирници како што се: лук, кромид, ѓумбир, аспарагус, зелка, карфиол, брокула, ротквица, кељ, зеленило, репка, рукола, куркума.

Одбегнувајте храна како што се колачи и торти, пржена храна, тестенини, конзервирана храна, алкохол, односно намирници кои предизвикуваат воспленија и го отежнуваат закрепнувањето.