Рецептот со киселото млеко на легендарниот исцелител Профири Иванов со кој телото се рестартира и подмладува, а болестите се поништуваат за само 14 дена, во светот е познат како “Руска јога”.
Овој легендарен исцелител на своите поколенија им остави непроценливи совети за еколошки и здрав начин на живеење. Голем број од неговите следбеници строго се придржуваат на овие принципи и живеат според неговите совети.
Исцелителот бил убеден дека телото треба да се прочистува најмалку еднаш на секои шест месеци, или двапати годишно.
Во спротивно, акумулираните токсини можат да доведат до разни заболувања. Честите настинки, разни инфекции, замор, поспаност, деконцентрација – сите овие состојби се доказ за присуство на токсини во организмот, кои го спречуваат нормалното функционирање на организмот.
Не треба да се занемари фактот дека непрочистеното тело, недостигот на сон, стресот и најмногу од сè – нездравата исхрана е примарниот извор на зголемување на лошиот холестерол.
ЕЛИКСИР НА МЛАДОСТА И ЗДРАВЈЕТО
Ефикасниот природен лек кој го користи Руската јога содржи само две состојки, но има безброј придобивки. Тоа се кисело млеко (или јогурт/кефир) и брашно од хелда. Рускиот исцелител овој напиток го нарекува Ајран – еликсир на младоста и здравјето.
Хелдиното брашно има извонредни лековити својства, го зајакнува организмот, ги подмладува крвните садови, го намалува заморот, ја зголемува циркулацијата на крвта во рацете и нозете, го намалува лошиот холестерол и ја зголемува секрецијата на на урина.
-Одлично за меморија и концентрација
Комбинацијата е одлично средство за подобрување на меморијата и концентрацијата (особено за постарите лица).
Самиот исцелител ја користел оваа мешавина во текот на целиот живот. Исто така, го намалува крвниот притисок, помага при атеросклероза и лекува опстипација.
Друг позитивен ефект од неговата употреба е тоа што го нормализира метаболизмот и функцијата на панкреасот и го зголемува нивото на хемоглобинот во крвта.
Потребни состојки:
1 лажица хелдино брашно
180 мл кефир (во оригиналот користи кефир или природно зреано кисело млеко)
½ -1 лажичка мед
Постапка:
Во кефирот промешајте го хелдиното брашно и добро промешајте. Мешавината треба да ја приготвите навечер, а да ја консумирате следниот ден за појадок. Оставете ја на ладно или во фрижидер.
Пред консумирање промешајте уште еднаш и засладете со малку мед, по желба.
После консумацијата на овој лековит напиток не треба да јадете ништо во следните три часа. Терапијата трае 14 дена без прекини. Ефектот ќе ве изненади!