Високиот крвен притисок најчесто е тригер за болести на срцето, за срцев и мозочен удар, а пациентите главно ги игнорираат симптомите кои укажуваат на него.

Веројатно нема човек кој барем еднаш во животот имал проблем со зголемен крвен притисок, а дополнителен проблем во лекувањето на хипертензијата претставува податокот дека терапијата се зема нередовно и честопати во недоволни дози.

Рецепт за природен начин за намалување на високиот крвен притисок.

Потребни состојки:

1 главица лук, исчистен и изрендан
1 корен од ѓумбир, излупен и изрендан
1 ракиена чаша јаболкова киселина
1 лажица мед
1 лимон – сок

Постапка:

Сите состојки ставете ги во блендер и миксајте ги една минута додека убаво да се изедначат и да се добие хомогена смеса.

Добиената смеса процедете ја, а течноста складирајте ја во стаклен сад со капак и чувајте ја во фрижидер.

Употреба:

Се консумира по 1 лажица од оваа течност пред појадок наутро и 1 лажица пред вечера, навечер. Максимално може да земете уште една лажица пред ручек, но не треба да консумирате повеќе од три лажици на ден.