РЕЦЕПТ НА ДЕНОТ: Палачинки со пилешко во бел сос…за појадок или вечера, а може и за ручек со добра салатичка…Рецепт на Санела З. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За палачинки:
125 г брашно
300 мл млеко
1-2 јајца
малку сол
2 лажици масло
Фил:
25 г путер
250 г печурки по желба
250 г пилешки гради, исечени на ситни парчиња и претходно сварени
3 лажици свеж магдонос
1 главица кромид
Бел сос:
25 г путер
25 г тврдо сирење/кашкавал
2 лажици брашно
450-500 мл млеко
150 мл течна павлака (крем) за готвење
сол и црн пипер
ПОСТАПКА:
Прво почнете да ги правите палачинки. Во сад се ставаат брашното, солта и изматените јајца. Додајте млеко и мешајте додека да се растворат грутките. Така подготвената смеса оставете ја да отстои.
На путер пропржете го кромидот и додајте ги претходно исечканите печурки. Додајте варено пилешко исечкано на коцки.
Растопете го путерот во тава и додајте брашно, истурете млеко во него со постојано мешање 5 минути. Во пилешкото истурете половина од белиот сос, посолете и запиперете. Втората половина од сосот вратете ја на оган, додајте павлака за готвење, сол и црн пипер.
Од смесата за палачинки испечете ги на вообичаен начин, во малку подмастено тавче на умерена температура. Секоја палачинка наполнете ја со фил од месо и свиткајте во ролат.
Откако ќе ги свиткате сите палачинки, наредете ги во огноотпорен сад и прелијте ги со белиот сос. Посипете ги палачинките со рендан кашкавал и печете ги во загреана рерна на 200-220 степени додека да поруменат. Рецепт на Санела З. / Сооlinarika.сom