За бројни жени претставува проблем зголемената киселост на секретот, а со самото тоа доаѓаат и непријатните мириси. Ова може да се случи поради хормонален дисбаланс, но и поради многу други причини, и затоа најдобро е редовно е да го посетувате вашиот гинеколог и да се конcyлтирате со него.
Во природната медицина честопати се користат рецепти кои ги користеле и нашите баби, а кои се покажале во третирањето на некои состојби како што е оваа. Тие на пример, честопати ја користеле сода бикарбоната.
Оваа состојка не ја користеле само за отстранување на непријатните мириси од па-зувите, туку и за целото тело. Постои уште еден рецепт кој тие го користеле, а тоа е смесата приготвена со чувар куќа.
Потребни состојки: 1 кг мед, 15 лимони, 400 г сочни листови од чувар куќа, 15 чешниња лук (ако се ситни, тогаш ставете повеќе, 20-тина) и 400 г јатки од ореви.
Постапка: лимоните измијте ги, па излупете ги од кората и белиот слој под кората, а потоа отстранете ги и нивните семки. Сечканите и исчистени лимони ставете ги во блендер и сомелете ги.
Оревите можете ситно да ги исечкате или да ги сомелите, а исто така и листовите од чувар куќа (претходно измиени под млаз ладна вода и исцедени). Сите состојки добро соединете ги во поголем сад, а потоа изедначената смеса складирајте ја во помали стаклени теглички со капак кој добро дихтува.
Се чува на ладно и темно место, а најдобро во фрижидер, особено доколку сте направиле поголема количина. Доколку сакате, може да направите и помала количина запазувајќи го односот на состојките.
УПОТРЕБА: Секое утро се зема по една лажица на гладно, пред појадок или пред да го испиете утринското кафе или чај. Овој природен лек според искуствата може да се користи и како помош при лекувањето на цисти и миоми.
Важно е да ја следите состојбата со вашиот лекар и да се утврди причината зошто воопшто дошло до појава на миом, за да можете во иднина да делувате превентивно. Оваа смеса ќе помогне да се отстранат сите непријани мириси.
Обратете внимание исто така, и на бојата на вашата мен-струација, бидејќи истата може многу да открие за вашето здравје. На пример, светло розовата боја на к рвта на влошката може да сигнализира за ниско ниво на естроген и може да биде знак дека ќе добиете остеопороза подоцна во животот.