Колачот едноставно се приготвува, постапката е доста интересна, а во светот е познат под името Maulwurf колач со банани. Истиот може да се приготви и со друго овошје.
Потребни состојки:
100 г маргарин (рама)
120 г шеќер
2 јајца
150 г брашно
½ кесичка прашок за печиво
2 лажици какао
1 прстофат сол
75 мл млеко
За крем:
600 мл слатка павлака
3 кесички кремфикс
120 г шеќер во прав
1 кесичка ванилин шеќер
70 г чоколадни трошки
8 помали банани
малку арома од банана
Постапка:
Маргаринот и шеќерот пенасто изматете ги. Додадете едно по едно јајце и продолжете пенасто да матите со миксерот. Потоа додадете брашно, прашок за печиво, какао, сол и млеко. Миксајте додека да добиете мазна смеса без грутчиња.
Калап за торти 26 см обложете го со хартија за печење, а ѕидовите намастете ги со путер и малку наросете со брашно. Излејте ја смесата и израмнете. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 160 степени. Проверете со чепкалка кога е готов и извадете го целосно да се излади.
Со лажица внимателно издлабете го колачот со длабочина од околу 2 см. Остатоците што ќе ги извадите ставајте ги во друг сад и иситнете ги на што поситни трошки. Бананите исчистете ги и наредете во направената вдлабнатина во колачот. Може да ги редите цели, а може да ги сечете и на половина, по должина (ако го правите колачот понизок).
За крем: Слатката павлака со кремфиксот и двата шеќери измиксајте ја додека да добиете цврст крем. Потоа додадете чоколадни трошки и промешајте.
Добиениот крем нанесете го врз колачот и бананите, така што ќе формирате купола. Одозгора наросете ги трошките од колачот, така што ќе го прекриете целиот крем. Лесно со лацете притиснете за да се обликува колачот.
Оставете го во фрижидер да се излади на неколку часови, а најдобро преку ноќ. Уживајте во вкусот.
Bosanskikuhar.ba