Фото и рецепт: Зорка Јанчева
Сега е вистинско време да се подготви овој лек за зајакнување на имунитетот кој ќе ве заштити од настинки и вирози. Оваа смеса е чудо, штом залади направете ја за да бидете заштитени.
Потребни состојки:
1 кг свеж корен од ѓумбир
1 кг мед или по вкус
4 големи и сочни лимони
Постапка:
Лимоните убаво измијте ги и оставете ги во вода со малку сода бикрбона. Потоа истријте ги добро и исплакнете ги под млаз ладна вода. Исечете ги на тркалца за полесно да им се извадат семките.
Потоа исечете го на и на поситни парчиња, па убаво сомелете го во блендер, да добиете каша. Ѓумбирот исто така измијте го убаво, па излупете го и сомелете го.
Мелените лимон и ѓумбир соединете ги со медот и убаво промешајте за да добиете изедначена смеса. Складирајте во стерилизирани стаклени тегли и чувајте во фрижидер.
Употреба: Секое утро на гладен стомак по една супена лажица. Многу е вкусно и убаво, го загрева телото и му дава полетна енергија. Бидете здрави!
Фото и рецепт: Зорка Јанчева