Воведете ја оваа житарица во својата секојдневна исхрана и подобрете го вашето здравје. Просото е житарица која е богата со многу хранливи материи, витамини од Б групата, влакна и минерали од кои железо, магнезиум, фосфор и калиум.
Содржи 155 белковини и има благотворно дејство врз дигестијата, а ја регулира и цревната флора. Исто така, го штити срцето, го намалува холестеролот и го чисти организмот.
Кашата приготвена од просо е одличен избор за појадок.
Потребни состојки: 250 мл вода, 1 јаболко, 3 лажици просо, малку сол, малку кафеав шеќер, малку цимет, млеко по потреба
Постапка: Во вода ставете јаболко исечено на коцкички и оставете да зоврие. Додадете го просото, сол, шеќер, па варете околу 10 минути на умерен оган.
Доколку е потребно, на крај додадете малку млеко. Зачинете со цимет и по желба додадете бадеми и овошје.
Поради својот состав просото има одличен ефект врз нашето здравје, па затоа во продолжение прочитајте ги информациите за здравствените придобивки од употребата на просото:
Просото го алкализира нашето тело и е многу лесно сварлива храна. Му помага на нашето дебело црево да се хидрира и со тоа се спречува појава на опстипација (запек).
Некои материи од просото може да се најдат и во улога на храна потребна за функција на „добрите “ бактерии кои се наоѓаат во нашите црева и чие присуство е многу важно за добро здравје.
Просото има понизок гликемиски индекс за разлика од пченицата и оризот, па е многу добро за исхрана на дијабетичари или лица кои имаат потреба да го контролираат шеќерот во кр-вта.
Магнезиумот од просото може да ги ублажи мигренозните болки и да спречи срцев у-дар.
Научници од Јужна Кореја во своите истражувања откриле дека просото го намалува нивото на Ц-реактивен протеин во организмот и нивото на триглицериди, па затоа се смета дека може да помогне во превенција од кардиоваскуларни болести.
Сите видови на просо се богати со моќни антиоксиданси кои нé штитат од оштетувања предизвикани од штетни супстанци.
Просото не содржи глутен и е хипоалергена намирница што го прави одличен избор за чувствителни лица.
Просото содржи доволно количество на протеини, па затоа може да биде важен извор на протеини во вегетаријанската исхрана.
Витаминот Б3 од просото може да го намали нивото на холестерол во организмот.