Рецептот за оваа превкусна салата, која е одлична како мезе, ни го претстави почитуваниот Aleksandar Bruce Makedonski во нашата група НМД рецепти.

Потребни состојки:

150 г варен ориз
150 г кашкавал
320 г туна во масло
250 г мајонез
50 г млад кромид – зелени преца
150 г варени јајца (3 јајца)
½ лажичка сол
½ лажичка црн пипер

Постапка:

Во декоративен, стаклен (трансапрентен сад) на дното ставете го првиот слој од варен ориз. Натапкајте го добро со виљушката и израмнете.

Врз оризот ставете 3-4 лажици мајонез и рамномерно распоредете. Посолете и запиперете.

Потоа ставете слој туна и исто како што постапивте претходно со оризот, натапкајте добро и израмнете со виљушката. Повторно премачкајте со слој од мајонез. Посолете и запиперете.

Наросете рамномерно ситно сечкани зелени перца од кромид. Одозгора наросете со кашкавал изрендан на крупно ренде. Повторно премачкајте со слој од мајонез, посолете и запиперете.

Одозгора нанесете слој од три варени јајца изрендани на крупно ренде. Украсете со малку сечкани зелени перца од кромид.

Салатата ставете ја во фрижидер да излади околу 30 минути.