Рецепт за пилешки уштипци од кој сите се воодушевија…Ги подготвувам брзо и лесно, а превкусни се…
Ако го преферирате белото пилешко месо, тогаш запишете си го овој едноставен рецепт за брзи уштипци кои секому успеваат.
Пилешките „уштипци“ се одлично решение кога не знаете што да направите за јадење, а потребно е нешто брзо да подготвите.
Освен што се брзи и едноставни, тие се многу вкусни и заситни, па доволно е да ги послужите само со салата. Ако сакате да имате уште подобар вкус, во смесата може да додадете и една до две мали лажички сенф, но сепак ова е по вкус и по желба.
Многу се повкусни од класичното похуваното месо, а ќе извалкате и помалку садови, поточно – само еден сад.
Откако го откривме овој рецепт, многу често го приготвуваме, особено кога се собираме со пријатели, за нас е најдоброто мезе. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 пилешки филеа (бело месо),
1 чешне лук,
3-4 супени лажици кисела павлака,
1 јајце,
3 супени лажици брашно (или по потреба, во зависност од тоа колку сок ќе пушти самото месо),
сол и црн пипер по вкус,
малку сенф по желба
ПОСТАПКАТА опишана во детали можете да ја прочитате ОВДЕ:
ОВА НИ Е ОМИЛЕНО, СЕКОЈ ДЕН БИ ГО ЈАДЕЛЕ: Пилешки уштипци кои на сите им успеваат
Видеото можете да го погледнете ОВДЕ: