Рецепт кој со години го чуваме во семејството…Гостите го обожаваат и за час сѐ се изедува…

Овој рецепт за мини печива го правиме со години во семејството, само досега никогаш не сум го објавила. Инаку сите ги обожаваме и најчесто сите се изедуваат додека се топли. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 пакување готови кори за пита (6 кори)
250 г маргарин или путер на собна Т
500 г свежо сирење/урда
4 јајца
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол

ПОСТАПКА:

Пенасто изматете го путерот, па додајте го сирењето, јајцата, сол и шеќер, па изматете со миксер за сето да се соедини во кремаста смеса. Одокативно поделете ја на 4 дела.

На рамна површина наредете 2 кори една врз друга. Распоредете фил, па поклопете со трета кора и повторно распоредете фил. Заедно свиткајте ги сите 3 кори во ролат. Потоа ролатот завиткајте го во хартија за печење.

Постапката повторете ја со остатокот од корите. Оставете ги во замрзнувач за да се стегнат и полесно да се сечат. Ако формата не ви е топлку важна, ролатите можете веднаш да ги сечете.

Парчињата наредете ги во плех и печете ги 30-тина минути во претходно загреана рерна на 200 степени, додека да заруменат. Вишокот маснотија можете да го исцедете го плехот.

Покријте ги со крпа за да бидат меки, а ако ги сакате крцкави, тогаш не морате да ги покривате. Постапката погледнете ја во видеото ОВДЕ: