Home Вести Расте бројот на настраданите по невремето во Хрватска, се споделуваат СТРАШНИ ВИДЕА,...

Расте бројот на настраданите по невремето во Хрватска, се споделуваат СТРАШНИ ВИДЕА, издадено предупредување во Загреб

Шест лица загинаа, а стотици се повредени во невремето што во средата вечерта на 19 јули ги зафати Словенија, Хрватска, БиХ и Србија.

Четири лица загинаа во Хрватска и по едно во БиХ и Словенија. Состојбата во Хрватска се стабилизира, а до крајот на неделата се предвидуваат грмежи и силна бура.

Бројот на загинати во Хрватска се искачи на четири, а на интернет се шират страшни видеа.

Во невремето загина и пожарникар, двајца загинаа во Загреб, еден во Славонија, 100 се повредени, изјави Дамир Трут, директор на Управата за цивилна заштита за Дневник.хр.

Починатиот пожарникар бил на интервенција во Вуковарско-сремската жупанија.

Да потсетиме, во тек е санација на штетите и чистење на улиците во Загреб по страшното невреме. Штетите се собираат и во другите делови на Хрватска кои беа погодени од невремето.

Градот Загреб утрово испрати предупредување до граѓаните.

https://twitter.com/alex_le_bars/status/1681793652874510336?ref_src=twsrc^tfw|twcamp^tweetembed|twterm^1681793652874510336|twgr^a6281150dcadafb01494b8e4fa37045633366da4|twcon^s1_c10&ref_url=https://novi.ba/clanak/407556/raste-broj-mrtvih-nakon-supercelijske-oluje-u-hrvatskoj-dijele-se-stravicni-snimci-u-zagrebu-izdato-upozorenje-video

– Ги замолуваме граѓаните заради сопствена безбедност да избегнуваат да ги посетуваат парковите додека не се санираат опасните, навалени дрвја и гранки – предупредуваат од Градот. Видео од близина на Белград:

https://nmd.mk/frli-go-tsveketo-bre-tornado-vo-podrum-neverojatno-video-vo-blizina-na-belgrad-preplasheni-luge/