Потребни состојки:
2 листа поголеми обланди
1 лист рафаело обланди (со големи вдлабнатини)
За бел фил:
300 г шеќер
200 мл вода
125 г путер/маргарин
100 г бело чоколадо
200 г млеко во прав
150 г кокос
За темен фил:
300 г шеќер
200 мл вода
125 г путер/маргарин
100 г црно чоколадо
200 г млеко во прав
350-400 г мелени бисквити (количината зависи од видот на бисквитите)
Постапка:
Пригответе го светлиот фил за рафаело обландата: Во еден сад на оган ставете 300 г шеќер, 200 мл вода. Кога ќе зоврие оставете 3-4 минути, па додадете путер и бело чоколадо да се растопи. Тргнете од оган и додадете млеко во прав, добро изматете со миксер за да нема грутчиња, па додадете кокос и измешајте со лажица.
Топлата смеса ставете ја врз рафаело обландата, пополнете ги вдлабнатинките и израмнете. Преку тоа ставете лист обична обланда и превртете така да горниот дел да биде листот на рафаело обландата.
Пригответе го темниот фил: Во еден сад на оган ставете 300 г шеќер и 200 мл вода. Кога ќе зоврие оставете 3-4 минути, па додадете путер и црно чоколадо да се растопи. Тргнете од оган и додадете млеко во прав. Добро изматете со миксер за да нема грутчиња. Додадете ги мелените бисквити и добро промешајте со лажица.
Топлата смеса ставете врз рафаело обландата, исполнете ги вдлабнувањата и израмнете. Одозгора ставете втор лист обична обланда, со ребрастиот дел свртен кон филот.
Оптеретете со нешто тешко и оставете во фрижидер да излади, па сечете на штангли.